Лам: Катар не требаше да ја добие организацијата на СП

Филип Лам со Германија триумфира на СП 2014 година/ фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Поранешниот капитен на германската репрезентација и на Баерн Минхен, Филип Лам, смета дека доделувањето на Катар да го организира Светското првенство е голема грешка.

Лам кој го крена шампионскио пехар во финалето на СП 2014 година, вели дека процесот на доделување на организацијата на Мундијалите треба да потранспарентен.

– Мислам дека во иднина кога ќе се одредува домаќинот на СП, треба да се постават построги критериуми и процесот на мора да биде потранспарентен – смета Лам.

Лам уште еднаш повтори дека е против доделувањето на Катар да биде домаќин на СП во изборот кој беше направен уште 2010 година.

– Не требаше Катар да ја добие организацијата. Ако го погледнете извештајот на ФИФА, во него пишува и за лошата ситуација со човековите права во Катар. Сега треба да ги запрашаме луѓето зошто гласаа за Катар ако знаеја за извештајот. За мене тоа е чудно – додаде Лам.

Сепак, поранешниот фудбалер е против идејата Германија да го бојкотира Мундијалот во Катар што треба да се одржи од 21. ноември до 18. Декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот