Лајза Минели негира дека им помага на Хари и Меган
По објавата дека на принцот Хари и Меган Маркл им помага да го продолжат својот живот во Лос Анџелес, Лајза Минели го негираше тоа. Ѕвездата негираше било каква врска со парот и изјави дека не ги запознала се уште.
– Иако им посакувам се најдобро, никогаш не сум ги сретнала принцот Хари и Меган. Секое спротивно тврдење е целосно измислено, изјави таа за „The Sun“.
Во весниците се пишуваше дека пријателите на Хари и Меган изјавиле дека Лајза им помогнала, бидејќи била блиска со принцезата Дијана и токму затоа им пружила поддршка.
Минели била пријателка со мајката на Хари, принцезата Дијана, а првпат се сретнале во бекстејџот на еден од нејзините концерти. Минели претходно за тоа пријателство изјави: „Имав среќа што принцезата Дијана ја сметав за пријател. Првпат ја запознав кога дојде во бекстејџот по концертот кој го одржав во Лондон. Оттогаш налетувавме една на друга на премиерите или настаните на кои таа беше почесен гостин. Подоцна стапивме во контакт и пиевме чај. Мојот инстинкт беше да ја заштитам. За се разговаравме под сонцето. Таа обожаваше музика“.