„Ла Лига“: Рајо никако да им се врати на победите, два гола во мрежата на Димитриевски

Веќе шест натпревари по ред Рајо Ваљекано не знае за победа во најквалитетната шпанска фудбалска лига.
Денеска во 26 коло Рајо Ваљекано на домашен терен ремизираше со резултат 2:2 против екипата на Жирона.
Целиот меч за домаќините го одигра македонскиот голман Столе Димитриевски кој наскоро ќе им се врати на репрезентативните оврски.
Палазон донесе водство за Рајо во 23 минута, па израмни Циганков во 29, а во 34 минута предноста за домашните играчи ја врати Трехо. Бодот за гостите го обезбеди Циганков со својот втор погодок на мечот (52`). Рајо можеше да дојде до победата, но во 41 минута при резултат 2:2 пенал не реализираше Трехо.
На табелата во „Ла Лига“ Рајо е на осмата позиција со 36 бодови, додека Жирона после седмото реми сезонава е на 11 место со 31 бод.