Квалификации за Евробаскет 2021: Пораз на кошаркарките но играта е ветувачка игра 

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија е поразена од Хрватска со 80:62 во првиот натпревар во „меурот“ во Рига, а вкупно трет во квалификациите за Евробаскетот.

Кошаркарките се претставија во добро издание и пружија солиден отпор на фаворизираните кошаркарки на Хрватска и најавија далеку подобри денови и игри посебно сега кога во тимот се ВНБА кошаркарката Бонер и капитенката Митрашиновиќ.

Кошаркарките на хрватска на почетокот од натпреварот наметнаа свој ритам, но како што одминуваше времето, притисокот кај избраничките на селекторот Ѓоровиќ се намалуваше и двоцрената негатива од првата четвртина, на стартот од втората беше намалена на само минус два (34:32). Но, послабата реализација ги однесе противничките на одмор со двоцифрена предност (46:35).

Во второто полувреме кошаркарките на Хрватска рутински ја одржуваа двоцифрената предност и на крајот забележа победа од 80:62. Очекувано, прво име кај кошаркарктие беше Девана Бонер со фантастичен учинок од 20 поени, 17 скокови и седум асистенции, додека капитенот Митрашиновиќ постигна 15 поени.

Нареден противник на кошаркарките во „меурот“ во Рига ќе биде домаќинот Летонија, а натпреварот се игра во сабота.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот