Курт Зума ја доби казната поради шутирањето на своите мачки

Вест Хем му изрече казна на својот фудбалер Курт Зума/Фото: EPA-EFE/Adam Davy

Англискиот фудбалски клуб Вест Хем му изрече „најголема можна казна“ на дефанзивецот Курт Зума, откако на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како играчот ги шутира своите две мачки.

Максималната казна што клубот може да ја изрече е одземање на двонеделна плата, а во случајот на Зума изнесува речиси 300.000 евра.

– Зума ја прифати казната и побарал сумата да се донира на организацијата за заштита на животните – соопштија од клубот.

Во исто време, фудбалерот се откажа од старателството над своите две мачки за време на истрагата, а Кралското друштво за спречување на суровост кон животните потврди дека ја презема грижата за мачките.

Повеќе од 150.000 луѓе потпишаа онлајн петиција со која се повикува Зума да биде кривично гонет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот