Фото: Профимедиа

Купката што ја користела прочуената Клеопатра: Еве како лесно да направите млеко за капење, блескава кожа и опуштени нерви

Како ви звучи идејата да се капете во млеко како Клеопатра? Клеопатра уживала во придобивките од млечните бањи, па зошто да не уживате и вие како вистинска египетската кралица.

Ова млеко ќе ве опушти и ќе ви ја нахрани кожата, а можете да го направите сами многу едноставно.

Ви откриваме рецепт што содржи кокосово млеко, а вие наместо тоа можете да користите кравјо, овесно или козјо млеко.

Овој рецепт ќе биде вистинско освежување за вашата кожа.

Потребни состојки:

– 1 шолја кокосово млеко во прав

– 1/4 шолја Епсом сол

– 1/4 шолја ситно мелени овесни снегулки

– 1-2 лажици суви ливчиња од роза

– 1-2 лажици цветови од лаванда

– 1 лажичка природно масло по ваш избор

– 3-5 капки етерично масло по ваш избор (на пример, лаванда)

– 2 лажички цимет

Подготовка:

Додадете го природното масло и есенцијалното масло во сад со средна големина. Додадете ја Епсом солта во садот и мешајте додека маслото добро не се соедини. Додадете овес, цветови од роза и лаванда и кокосово млеко и измешајте сè. За да ја користите млечнта купка, сипете ја целата содржина во када наполнета со топла вода. Вмешајте ја смесата во водата за капење пред да влезете во неа за да помогнете млекото и солта да се растворат.

Млекото ја омекнува кожата, истовремено ја прави поотпорнана студот, додека маслото од лаванда ќе се погрижи да добиете комплетно релаксирачки третман во вашата бања. Циметот ќе ги отстрани токсините од телото, ќе ја дезинфицира кожата и ќе го подобри расположението.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот