Илустрација / Фото: Antoni Shkraba Studio / Pexels

Купил јакна од продавница за половна облека, останал без зборови кога видел што има во џебовите

Сите љубители на продавници за половна облека сонуваат да пронајдат предмет вреден мало богатство, но тоа ретко се случува. Сепак, една приказна од САД покажува дека понекогаш среќата навистина може да биде на страната на „ловците“ на вредни половни работи, пренесува „Мирор“.

Еден корисник на „Редит“ сподели искуство кое му го разубавило денот – и тоа на начин што не можел да го предвиди.

Тој посетил локална продавница, видел јакна што му се допаднала и решил да ја купи. Потоа се случило шокантно изненадување.

– Купив јакна и бев пресреќен. Сè уште ја имаше етикетата, всушност беше нова – објаснил тој.

Кога се вратил дома и ја пробал јакната, ги проверил џебовите за првпат. Во еден, пронашол не помалку од пет банкноти од 100 долари!

I’m Him
byu/HeLurks inThriftStoreHauls

– Кога ги извадив парите, не можев да поверувам. Секогаш ќе ја паметам денешната посета на продавницата за половна стока- додал среќниот човек.

Иако многумина го сметаат овој случај за исклучок, многу корисници споделиле слични искуства. Еден од нив напишал: „Веројатно некој ја добил јакната како подарок и никогаш не ја носел. Можеби дури и не знаел дека има пари внатре.“

Друг напишал: „Еднаш купив половна книга и најдов 2.000 долари внатре. Беше некој богат човек кој сакал да подари пари. Имаше порака во книгата, не се сеќавам точно што пишуваше. Платив два долари за книгата.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот