Фото: КФСМ

Кумановското обвинителство постапува за случајот со националистичките скандирања на кошаркарскиот натпревар

Основното јавно обвинителство Куманово постапува и до СВР Куманово издаде повеќе наредби и насоки за испитување елементи на кривично дело при скандирањата кои содржеа говор на омраза од засега непознати лица на вчерашниот кошаркарски натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Романија, информираа денеска од ЈОРСМ.

Од Обвинителството велат дека е издадена  наредба и за обезбедување на снимките од видео надзор со цел идентификација на евентуални сторители.

Осуда за нерпимерното скандирање на поединци на кошаркарскиот натпревар денеска изразија политичките партии од власта и од опозицијата, од општина Куманово и од раководството на Македонската кошаркарска федерација.

Партиите едногласно ги осудија националистичките и етничките скандирања на кошаркарскиот натпревар во Куманово

Во Куманово вчера беше пуштена во употреба реконструираната спортска сала со натпревар на националниот кошаркарски тим против тимот на Република Романија. Организатор на настанот беше Македонска кошаркарска федерација, а домаќин Општина Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот