Кумановскиот Центар за култура започнува настани на отворено (ВИДЕО)

Центарот за култура „Трајко Прокопиев” во Куманово вечерва од 20 часот ќе организира концерт на отворено на „Трио џентлмен”, кој ќе биде прв настан на оваа национална установа по петмесечна пауза.

Посетителите мора да носат заштитна маска, а Центарот за култура ќе обезбеди дезинфекција.

„Ги повикуваме кумановци да дојдат и да го проследат овој интересен концерт кој се надеваме ќе биде на задоволство на публиката. На настанот ќе бидат запазени сите протоколи од надлежните институции“, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Сашо Тодоровски, директор на установата.

Концертот на „Трио џентлмен” е прв настан со кој кумановскиот центар за култура ја почнува сезоната, а во текот на овој месец ќе организира и претстави на отворено, изложби и уште неколку концерти, вклучувајќи го детското караоке шоу поддржано од Министерството за култура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот