Кулушевски ги збуни навивачите на Јуве: Меси или Роналдо?

фото: твитер

Талентираниот шведски напаѓач со македонско потекло до крајот на натпреварувачката сезона ќе игра во редовите на Парма.

Дејан Кулушевски во трансфер вреден 35 милиони евра стана нов играч на италијанскиот фудбалски шампион Јувентус.

Иако своевремено имаше натпревари за нашата У16 селекција, Кулушевски (19) одлучи да ги брани боите на Шведска за чија сениорска репрезентација веќе запиша еден настап.

Иако имаше интерес од најсилните премиерлигашки екипи, најбрз до неговиот потпис беше Јувентус.

Во своето прво интервју за италијанските медиуми, Кулушевски даваше искрени одговори на кратки прашања и помалку ги збуни навивачите на „Старата дама“.

Кристијано Роналдо е најголемата ѕвезда во торинскиот клуб, но за Кулушевски, Португалецот не му е најомилен.

Неговиот идол е Златан Ибрахимовиќ кој се врати во Милан, на „вечното“ прашање Лионел Меси или Кристијано Роналдо, тој го избра Меси.

Како дете навиваше за Челзи, Франческо Тоти или Алесандро Дел Пјери, тој го избра Тоти.

Имаше и прашање кој ќе го освои Европското првенство во 2020 година, тој одговори селекцијата на Шведска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот