Куклата што го излуди светот му донесе на газдата профит од 600 милиони евра!
Кинеската компанија „Поп Март“, производителот на популарните кукли „Лабубу“, објави извонредни деловни резултати. Во првата половина од 2025 година, нето добивката на компанијата се зголеми за дури 396,5 проценти во споредба со претходната година, додека приходите забележаа скок од 204,4 проценти.
Препорачано
Овој успех ги зголеми акциите на „Поп Март“ за повеќе од 200 проценти од почетокот на годината. Пазарната вредност на компанијата сега ја надминува онаа на традиционалните гиганти во индустријата за играчки, како што се „Мател“, производител на кукли „Барби“, и јапонскиот „Санрио“, сопственик на брендот „Хело Кити“.
Популарноста на куклите „Лабубу“ дополнително е поттикната од препораките на познати личности, вклучувајќи ја поп-пејачката Ријана, поранешниот фудбалер Дејвид Бекам и пејачката Лиза од јужнокорејската група „Блекпик“.
Продажбата на куклите Лабубу донесе 4,81 милијарди јуани (околу 575 милиони евра) во првата половина од 2025 година, што претставува 34,7 проценти од вкупните приходи на Поп Март. Компанијата вели дека залихите од овие кукли се распродадени низ целиот свет, а извршниот директор Ванг Нинг објави дека продажбата ќе надмине 10 милиони единици дневно од септември.


