Кучињата трагачи во борбата против коронавирусот: Го препознаваат заразениот пред појавата на симптомите?

Експертите велат дека посебно обучените кучиња трагачи можат да помогнат во откривањето на носителите на опасниот коронавирус пред појавата на симптомите. Тие би можеле да се користат како и сите други кучиња трагачи на аеродромите и граничните премини.

Обучените кучиња ги препознаваат хемикалиите – испарувачките органски соединенија кои се карактеристични за одредени болести, а ги има во урината, изметот или воздухот. Истражувачите веќе ги користат кучињата за откривање на маларија, некои облици на канцер и Паркинсонова болест.

– Знаеме дека одделни респираторни болести го менуваат мирисот на телото, па постои голема веројатност кучињата да можат да ги почувствуваат, вели шефот на Центарот за контрола на болести од Лондон, Џејмс Логан.

– Доколку се покажат како доверлив фактор при воспоставувањето на дијагнозата, кучињата трагачи би покренале револуција во борбата против ширењето на Ковид-19. Извежбаните животни работат брзо и ефикасно, а тестовите би се користеле само таку каде што се неопходни, објаснуваат експертите.

Дејли мејл пишува дека кучињата после шест недели обука ќе бидат подготвени за учество во борбата против епидемијата, а најпрвин ќе бидат воведени во Велика Британија. Истражувачите во моментот откриваат како безбедно да го изолираат вирусот со цел да им служи за пример при обуката на кучињата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот