Кубанецот Табоада е нов ракометар на Е. Пелистер

Фото: facebook.com/DunkerqueHandball

Е. Пелистер го претстави третото засилување за сезоната 2021/22, нов член на битолскиот суперлигаш е кубанскиот репрезентативец Реиние Табоада Дранкет, кој доаѓа од францускиот клуб Данкерк.

Табоада се обврза на договор на една сезона со опција за уште една и по завршувањето на сезоната во Франција се очекува негово доаѓање во Битола и официјална презентација.

23-годишниот Табоада роден е на 2 јуни 1997 година, висок е 192 сантиметри и тежок 89 килограми и може подеднакво добро да игра како среден и како лев бек. Неговите настапи не останаа незабележани од пошироката јавност, бидејќи беше прогласен за најдобар млад ракометар во Португалија, а во последните две сезони е номиниран за најдобар млад ракометар во францускиот шампионат.

Сезонава во француското првенство одигра 24 натпревари и постигна 68 гола (2,83 гола по натпревар), а во целата своја кариера во Франција бележи 66 натпревари и 164 гола (2,48 гола по натпревар). Токму вчера реализираше пет гола во победата на Данкерк над Трембле со 28-23. Пред да дојде во Франција, Табоада настапуваше во португалската екипа Аванка, каде постигна 239 гола на 69 натпревари.

Важи за еден од најдобрите кубански ракометари, има голем простор за напредок и во Битола доаѓа како важен елемент во тимот на Жељко Бабиќ за наредната сезона. Пред овој потпис, на Е. Пелистер за следната сезона му пристапија уште Марко Кизиќ и Немања Обрадовиќ.

Фото: facebook.com/DunkerqueHandball

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот