Кубацки е победник на Новогодишната турнеја „Четири скокалници“ (ВИДЕО)

фото: твитер

Кубацки е третиот Полјак кој ја освои Новогодишната турнеја, после Адам Малиш во 2001. и Камил Стох во 2017. и 2018. година.

Полјакот Давид Кубацки е победник на годинешното 68. издание на традиционалното натпреварување „Четири скокалници“ кое заврши во Бишофсхофен.

Кубацки, кој водеше во генералниот пласман на Новогодишната турнеја после три од четири скокалници, на најдобар начин ја потврди вкупната победа.

Беше најдобар во двете серии со скокови од 143 и 140.5 метри и освои вкупно 300.9 бодови во Бишофсхофен.

За 29-годишниот ски скокач ова е само втор триумф во Светскиот куп во кариерата. Второпласиран беше Карл Гајгер од Германија со 291.0 бодови (140/136 метри), а трет Норвежанецот Мариус Линдвик со 289.4 бодови (139/137 метри).

Во конечниот пласман Кубацки освои 1131.6 бодови, 20.6 повеќе од второпласираниот Линдвик, а 23.4 Гајгер на третата позиција.

Кубацки е третиот Полјак кој ја освои Новогодишната турнеја, после Адам Малиш во 2001. и Камил Стох во 2017. и 2018. година.

Минатогодишниот победник на турнејата, Јапонецот Рјоју Кобајаши оваа година заврши на четвртото место со 1096 бодови, 35.6 помалку од Кубацки.

Водството во генералниот пласман на Светскиот куп го задржа Кобајаши со 644 бодови, 25 помалку има Гајгер, а 105 помалку Австриецот Стефан Крафт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот