Крводарителската акција во Амбасадата на САД во Скопје во сеќавање на трагичните настани од 11 септември

Фото: Кабинет на Претседател на РСМ /Министерство за внатрешни работи

Претседателот Стево Пендаровски, заедно со синот Огнен, денеска даруваше крв на хуманитарен настан организиран од Амбасадата на Соединетите Американски Држави, соопшти кабинетот на шефот на државата.

На покана на амбасадорката на САД, Анџела Агелер, на хуманитарниот настан присуствуваа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за финансии Фатмир Бесими.

На настанот присутни беа и премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието Талат Џафери.

Генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити изјави дека ова е традиција која постојано потсетува и повикува на проактивност, солидарност и разбирање на маката на другиот.

-И оваа година акцијата е организирана за собирање крв, храна и останати намирници кои после завршување на акцијата ќе бидат доделени на семејства кои се во социјален ризик. Оваа акција е еден патоказ како треба да се движиме во смисла на манифестирање на хуманоста и солидарноста и да се потсетиме на жртвите од 2001 година на нешто што на светот му се случи и посакуваме никогаш да не се повтори, рече Саити.

Додаде дека од денешната крводарителска акција планираат да соберат околу 220 единици крв, а пред влезот на Амбасадата трае собирната акција во парични средства и во намирници, прехранбени артикли, а таа помош, како што рече, ќе најде соодветно место кај неколку семејства.

Крводарителската акција е во соработка со Црвениот крст на Град Скопје и со Институтот за трансфузиологија.

Хуманитарниот настан за дарување крв и донирање храна, организиран во соработка со Црвениот Крст и Институтот за трансфузиологија, годинава се одржува по 15-ти пат во сеќавање на трагичните настани од 11 септември 2001 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот