Крвав петок 13 во Србија: Денот донесе низа убиства и самоубиства – злосторства ги вознемирија граѓаните

Полиција во Србија/Фото: Скриншот

Низа грозоморни убиства и самоубиства, крвави злосторства денеска ги вознемирија граѓаните на соседна Србија со оглед дека станува збор за петок 13-ти, ден кој важи за баксузен и несреќен.

Утрово околу 7 часот во населбата Чепуре во Параќин, полицијата пронајде две тела – на маж и жена. Првичниот увид покажал дека се работи за убиство и самоубиство, односно мажот Т.В. со пиштол ја застрелал својата долгогодишна љубовница А.Ж., а потоа извршил самоубиство.

Само час и половина потоа, жителите на белградската населба Мирјево ги вознемири страотно злосторство – мајка го фрли својот петгодишен син од прозорец на станот на третиот кат, по што и таа се фрли. За среќа, двајцата го преживеаја падот, зошто паднале во тревата, при што детето поминало без повреди, а мајката со скрешеница на ногата. Двајцата се згрижени во болница.

Крвава драма се одиграла утрово и во Бараево каде мажот С.Ј. (62) со нож ја заклал својата соседка С.Ѓ, а потоа ја запалил куќата во обид да го скрие злосторството.

Пожарникарите кои дошле на местото затекнале ужасна глетка. Во еден дел од куќата го затекнале безживотното женско тело, а на другиот крај лежел неподвижен мажот, кој покажувал знаци на живот и веднаш е префрлен во Ургентниот центар.

Попладнето донесе нови детали за случаите но и уште крвави глетки

Петкогишното дете кое го преживеа падот од третиот кат е префрлен на Институтот за мајка и дете во Белград.

Неговата мајка помина со неколку сериозни скршеници.

-Таа има двострани фрактури на ребрата, колковите и карлицата. Пред да се одлучи на ужасниот чин, испила бенседини и алкохол во поголеми количества, објавија српските медиуми.

За убиството и самоубиството во Бараево медиумите открија дека жртвата Снежана (67) била вдовица и поранешна учителка. Убиецот Славољуб и помагал во домашните работи, често пиеле кафе заедно и никогаш претходно немале проблеми.

Телото на Снежана е пронајдено по пријавата на пожар во помошниот објект во нејзиниот двор. Пожарникарите и роднините дошле на самото место и ја пронашле во локва крв во куќата, а кратко потоа е откриен и Славољуб со пресечен врат, но давал знаци на живот и е префрлен во Ургентниот центар.

Од Обреновац приситигна веста дека припадничка на Министертвото за внатрешни работи извршила самоубиство со службениот пиштол. Била вработена во полициската станица на Врачар. Засега нема детали за оваа трагедија. Увидот е во тек.

Наркобосот Шариќ доби продолжување на притворот

Судија на претходна постапка од Вишиот суд во Белград, од посебното одделение за организиран криминал донесе решение за продолжување на притворот до 30 дена за најголемиот српски наркобос Дарко Шариќ, соопштија од Вишиот суд во Белград.

Петок 13 – баксузен ден

Многумина петок 13-ти го сметаат за баксузен ден. Постои широко распространето суеверие веројатно од Средниот век, а можеби има и библиски корени. Имено, според одредени историчари тоа бил денот кога Ева го навела Адам да го гризне јаболкото, кога почнал потопот и градењето на Вавилонската кула. Во Новиот завет имало 13 луѓе кои зборувале за Исусовите последни маки на Велики Четврток, ден пред Христовото распетие на Велики Петок.

Различни се приказните за почетокот на суеверието на овој ден. Некои сметаат дека се` потекнува кога францускиот крал Филип IV на петок 13. октомври 1307 година уапсил стотина темплари. Во приказната „Кодот на Да Винчи“ на Ден Браун се споменува егзекуцијата на темпларот Жак де Молај на петок 13. Тој наводно го проколнал папата и кралот на Франција.

Можно е и романот на Томас Лосон од 1907 година „Петок, тринаесети“ да одиграл значајна улога во ширењето на суеверието. Во романот, бескрупулозен берзански брокер користел суеверие за да креира паника на Вол Стрит на петок 13.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот