Ужас во Белград: Мајка со петгодишниот син се фрли од прозорец на 3. кат од зграда

Ужас во Белград, мајка се фрли со синот од прозорец на зграда/Фото: Фејсбук

Утрово околу 8.30 часот од прозорец на третиот кат од станбена зграда во белградската населба Мирјево мајка се фрли заедно со својот петгодишен син. За среќа, двајцата паднале во тревата, па детето поминало без повреди, додека мајката М.К. се здбила со скршеница на ногата. И двајцата се згрижени во Ургентниот центар.

Случајот предизвика вознемиреност во населбата, со оглед на тоа што само неколку дена пред тоа, мајката од соседите барала да и дадат клучеви за излезе на покривот од зградата.

-За детето да го види светот, и одговорила на соседката која ја запрашала зошто и требаат клучевите од покривот, а поради неуверливиот одговор, таа не и ги дала.

Соседите исто така зборуваат дека мајката не ја познавале добро и често се карале со неа поради кучето што го чувала.

-Се разведе пред некои две години, има син и постара ќерка. Таа не беше тука кога се случи ова, тврдат станарите.

Според еден од сведоците на грозоморниот чин, мајката прво го фрлила детето, а потоа и самата скокнала од прозорецот на третиот кат иако станот во кој живеело ова семејство бил на двториот кат.

Веднаш по настанот пред зградата пристигнал и поранешниот сопруг на М.К. видно вознемирен и расплакан.

Тој само кратко изјавил дека неговата поранешна сопруга „ова и го најавувала“.

– Сопругата официјално беше здрава, беше здрава, изјавил тој пред насобраните новинари и потврдил дека нивната ќерка не била во станот кога нејзината мајка го направила тоа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот