Крстевски: Се надевам дека ќе ги минеме претквалификациите

фото: EPA-EFE/Javier Cebollada

Кошаркарската репрезентација на Македонија ги започна подготовките пред стартот на претквалификациите за ЕП 2025 каде ја очекуѕваат дуели со Данска, Словачка и Норвешка.

Кошаркарите првата фаза од подготовките ќе ја одработат во Маврово, а се очекува еден од лидерите да биде Бојан Крстевски.

– Пред се, имаме некои дваесетина дена, од кои седум во Маврово, добро да се подготвиме и да влеземе во натпреварувачки ритам. Екипата сега е малку повеќе комплетна во однос на претходно, имаме и нов селектор со кого добро се познаваме. Имаме еден контролен меч со Црна Гора, кој ќе биде најава за двата претквалификациски дуели- вели Крстевски.

Кошаркарите месецов ќе одиграат два натпревари во претквалификациите, а првиот е закажан за 25 август во Нествед каде избраниците на селекторот Александар Јончевски ќе играат против Данска.

– Се надевам дека ќе ги минеме овие претквалификации. Словачка ни е добро позната, во неколку наврати имаме играно и имаме позитивен скор, се надевам дека така и ќе продолжи. Данска и Норвешка можеби не звучат атрактивно, но не може да се потценат, затоа што денес сите играат кошарка. Одиме чекор по чекор и се надевам на позитивен исход. Секој играч ни е добредојден напомош за овие предизвици- смета Крстевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот