Крстајиќ: Македонија има добра репрезентација, очекувам еден тежок натпревар во Скопје

Селекторот на бугарската фудбалска репрезентација, Младен Крстајиќ/фото: Принтскрин/gong.bg

Селекторот на бугарската сениорска репрезентација, Младен Крстајиќ на денешната прес-конференција ги сподели очекувањата пред утрешниот натпревар против Македонија во последното шесто коло од групата „4“ во Ц сегментот во Лигата на нации.

Српскиот стратег Крстајиќ на клупата на Бугарија пред два дена дебитираше со висока победа на домашен терен во Разград против Гибралтар со 5:1.

– Ако е спорт, Македонците не можат да немаат интерес. Тие имаат интерес, како и ние. Нема натпревари без значење. Ќе се обидеме да победиме, се разбира. Натпреварот со Гибралтар помина како што помина, кажавме дека ќе одиме на победа и тоа се случи. За нас е многу важно во текот на натпреварот да имаме концентрација 90 минути и желба за победа – вели Крстајиќ.

Стратегот на Бугарите е свесен дека претстојниот меч ќе биде многу потежок во однос на претходниот со Гибралтарците.

– Македонија е добра репрезентација, очекувам еден тежок меч, треба да ја имаме енергијата што беше присутна на натпреварот со Гибралтар. Игравме тогаш со многу адреналин и така треба да играме. Треба само да излеземе на теренот, да бидеме фокусирани. Ќе играме атрактивно колку што ќе ни дозволи противникот. Ако резултатот е добар за нас, значи сигурно сме одиграле добро – рече Крстајиќ.

Десподов по „петардата“ во Разград: Зошто да не ја победиме и Македонија?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот