Кривичната предистрага за „Ели Медика“ – Гевгелија е во тек

Јавно Обвинителство / Фото: МИА

Основното јавно обвинителство уште работи на предметот за лабораторијата „Ели Медика“ – Гевгелија, која беше фатена како зема брисеви за коронавирус во дојранско казино за грчки посетители. Сторијата ја открија грчки новинари кои со скриени камери влегоа во казиното и успеаја да снимат како добиваат сертификат дека се негативни на антигенски тест против ковид, иако не им било извршено тестирањето, односно никој не им зел брис.

Од ОЈО за „Слободен печат“ велат дека предметот кој се однесува на тестирањето во наведената лабораторија е оформен во Основното јавно обвинителство Гевгелија од 26 декември 2021 година, со издадена наредба за прибирање податоци и документација која се однесува на тестирања извршени во казино во Гевгелија.

,,На 05.01.2022 година е издадена уште една наредба, која се однесува на подружниците на истото казино во Дојран. Со двете наредби е опфатено пребарување на компјутерскиот систем, проверка на податоци, одземање на лабораториските извештаи, списоци, евидентни листови и друга документација, како и споредување на податоците со цел да се утврдат евентуални незаконитости. Наредбата се однесува на целиот период од почетокот на изведувањето на ваквиот тип тестови во наведените казина. По наредбите се уште се постапува. Во меѓувреме, надлежните инспекциски органи вршат проверка на работењето на лабораторијата”, велат од службата за односи со јавност на ОЈО за Слободен печат.

Вчера телевизија Телма објави дека Законот за здравствена заштита предвидел казна од најмалку 4 години затвор за здравствен работник односно соработник кој дава здравствени услуги во простор кој нема дозвола за работа. Државниот здравствен и санитарен инспекторат за телевизијата посочил дека постапката е во тек а за преземените мерки дополнително ќе биде известена јавноста.

Ели Медика Плус доби забрана да зема брисеви за ковид-19 во дојранските казина

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот