Кривична за Капушевски и Јахоски и уште 11 лица за сомнителни набавки на деривати – одземена документација, муниција, пиштоли
Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесе кривична пријава за бизнисменот и сопственикот на „РКМ“, Ратко Капушевски и Асмир Јахоски, син на пратеникот Исмаил Јахоски, сопственик на „Пуцко петрол“ и уште против 11 лица кои се сомничат за сомнителна набавка на деривати.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Едно лице е во бегство и едно лице е во притвор, а при претресите пронајдена и одзема е документација, пет мобилни телефони, околу 1500 парчиња муниција од различен калибар, два пиштоли и три патнички моторни возила.
-Од страна на МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесена е кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ против 13 физички и едно правно лице и тоа: В.К. (55) од Битола, А.М. (44) од Скопје, Н.С. (61) од Општина Маврово и Ростуше, Е.П. (52) од Скопје, М.Н. (60) од Скопје, Б.М. (51) од Скопје, Р.Р. (48) од општина Желино, Д.С.Ј. (43) од Куманово, Д.С. (66) од Скопје, Д.С. (43) од Велес, Р.К. (38) од Скопје, Е.С. (43) од Кичево и А.Ј. (40) од с.Пласница и правно лице од Скопје. МВР по насоки на надлежниот јавен обвинител ќе продолжи со преземање на понатамошни полициски активности и дејствија со цел обезбедување на други докази поврзани и со други кривични дела – соопшти МВР.


