Пратеникот Јахоски е хоспитализиран со симптоми на коронавирус

Пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски синоќа бил хоспитализиран на Инфективната клиника, откако имал покачена температура и симптоми на коронавирус, објави „Zyrtare.net“ од извори блиски до партијата. Јахоски во пет мандати беше градоначалник на општина, Пласница, а познат е и како сопственик на компанијата Пуцко петрол.