Фото: НП Галичица

Кривична пријава за директорката на Национален парк „Галичица“, дозволила градење во заштитена зона

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Фросе Ѓоргиевска, в.д. директорката на Националниот парк „Галичица“, која се сомничи за „несовесно работење во службата“. Според пријавата, Ѓоргиевска пропуштила надзор и склучила договор со приватно претпријатие од Охрид за да се гради во парцела без соодветна документација, сместена во заштитен појас.

„Во текот на 2026 година, пријавената во својство на в.д. директор на Јавната установа – Национален парк „Галичица“ – Охрид, со пропуштање на должен надзор дозволила изведување активности и склучила договор за соработка со приватно претпријатие од Охрид за тампонирање на катастарска парцела за која немало урбанистичка документација, ниту одобрен проект за инфраструктура, а била во заштитен појас од 50 метри, а за кој простор општина Охрид имала донесено времен мораториум за какви било градежни активности, согласно планот за управување со светско природно и културно наследство на Охридскиот Регион“, соопштуваат од МВР.

Полицаец и шумар „замижале“ и не спречиле пустошење на шуми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот