Критичарот на Ердоган, Енес Кантер станува американски државјанин и веднаш ќе го промени името

Енес Кантер е голем критичар на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган/ фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Центарот на Бостон селтикс и поранешен турски репрезентативец, Енес Кантер (29) од утре ќе стане американски државјанин и ќе се вика „Енес Кантер Слобода“ (Freedom).

Кантер во последните години се наоѓа во центарот на вниманието на јавноста бидејќи голем критичар на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кого го нарекува диктарот.

Поради неговите јавни ставови му е одземено турското државјанство, запленет му е имотот во татковината, а одреден период неговиот татко помина и зад решетки пред целото семејство да се откаже од него.

Исто така поради критиките кон Ердоган, Турција поднесе барање до Интерпол да распише црвена потерница за него поради негово наводно учество во обидот за пуч на турскиот претседател во 2016 година.

Властите во САД утре и официјално ќе му дадат американски пасош на Кантер кој ќе го промени името и ќе го додаде зборот Слобода (Freedom).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот