Фото: EPA/ALI HAIDER

Кристијано Роналдо никако да освои трофеј во Саудиска Арабија со Ал Наср

Фудбалерите на Ал Ахли го освоија Суперкупот на Саудиска Арабија. Тие го победија Ал Наср во финалето, кое се играше во Хонг Конг, по подобро изведување на пенали.

Во регуларните 90 минути, резултатот беше 2:2, така што актуелниот шампион беше беспрекорен во изведувањето на пенали, додека Абдула Ал Хаибари беше единствениот кој промаши за тимот кој игра славниот Португалец Кристијано Роналдо, кој сè уште не освоил трофеј во Саудиска Арабија.

А добро почна мечот за Ал Наср кој дојде во водство во 41 минута преку 40-годишниот Роналдо кој постигна гол од пенал. Сепак, во судиското продолжение на првото полувреме, Ал Ахли израмни благодарение на Френк Кеси.

Инаку Кристијано Роналдо стана првиот фудбалер во историјата со 100 постигнати голови за четири различни клубови и земји.

Ал Наср беше блиску до пехарот, откако на осум минути пред крајот на мечот нова позитива за тимот донесе Хрватот Марсело Брозовиќ. Но, Ал Ахли не се предаваше и лидерот во одбраната на Ал Ахли, Ибанез, и поранешен играч на Рома, го израмни резултатот на една минута пред крајот на натпреварот.

Веднаш по регуларниот дел од натпреварот се изведуваа пеналите, а Ал Ахли имаше повеќе среќа и знаење во нив (5:3).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот