Кристијано Роналдо најдобар играч во италијанската Серија А

Роналдо и Јувентус се наоѓаат под истрага на италијанските власти/ фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Кристијано Роналдо е најдобриот играч во Серија А за минатата сезона, беше одлучено со гласовите на сите играчи и тренери од елитната класа на италијанскиот фудбал.

Во ланската сезона која беше прекината поради пандемијата на коронавирусот Португалецот беше главниот адут на Маурицио Сари во деветтата последователна титула италијански шампион на Јувентус.

Петкратниот освојувач на „Златната топка“ го предводи идеалниот тим на сезоната, во кој се наоѓаат уште:

Донарума, Госенс, Де Врај, Бонучи, Тео Ернандез, Барела, Гомез, Луис Алберто, Дибала и Имобиле.

Џанпјеро Гасперини (стратегот на Аталанта) беше избран за најдобар тренер, Даниеле Орсато за најдобар судија, додека Аталанта ја зеде наградата за најдобар тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот