Кристијано Роналдо беше многу блиску да направи трансфер во Наполи

Кристијано Роналдо, фудбалерот на Манчестер јунајтед/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Фудбалерот на Манчестер јунајтед и португалски репрезентативец Кристијано Роналдо имаше желба кариерата да ја продолжи во Наполи, но клубот во последен момент се откажал од трансферот, пренесуваат италијанските медиуми.

Роналдо ги пропушти предсезонските подготовки на Јунајтед, бидејќи сакаше да го напушти „Олд Трафорд“, а од друга страна првите луѓе на премиерлигашкиот гигант биле подготвени да го продадат.

Менаџерот на португалскиот фудбалер Жорге Мендеш го понуди Роналдо на Баерн, Атлетико, Спортинг, Челси, ПСЖ, Наполи, но играчот „црвените ѓаволи“ беше на чекор од преселба во тимот од Неапол во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Италијанскиот новинар Алесандро Алкиато тврди дека Роналдо преку социјалната мрежа „Ватсап“ стапил во контакт со тренерот на Наполи, Лучано Спалети.

– Дали навистина сакаш да ме тренираш? – беше прашањето на Роналдо од тренерот на „наполитанците“ кој наводно одговорил потврдно.

„Тутоспорт“ тврди дека челниците на Наполи му наредиле на раководството на „црвените ѓаволи“ дека сакаат да го ангажираат Роналдо. Но, Манчестер јунајтед мораше да го купи Виктор Осимен од италијанскиот клуб за 100 милиони евра и да продолжи да плаќа 75 отсто од платата на португалскиот фудбалер, што е околу 21,75 милион евра.

– Спортскиот директор на Наполи, Кристијано Џунтоли не беше заинтересиран за Роналдо. Затоа прво го привлече Манчестер јунајтед со понуда од соништата, бидејќи не очекуваше дека раководството на англискиот клуб ќе ја прифати. Но, Манчестер јунајтед се согласи на овој договор – пренесува германскиот „Билд““.

Од друга страна, италијанските медиуми пренесуваат дека челниците на Наполи се откажале од договор без никакво објаснување, а потоа го известиле Мендеш дека трансферот е стопиран.

Роналдо потоа им се врати на обврските во Манчестер јунајтед и најави дека ќе го одработи договорот со „црвените ѓаволи“ кој трае до јуни следната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот