Крис Рок за првпат се јави на Инстаграм по скандалот на доделувањето на Оскарите

Фото: EPA-EFE/PAUL BERGEN

Крис Рок за првпат се јави на Инстаграм по скандалот на доделувањето на овогодишните Оскари. Тој ја објави промотивната фотографија од својата турнеја „Chris Rock Ego Death World Tour“ и ги најави своите следни настапи во Париз.

Неговата објава собра повеќе од 100.000 лајкови. Обожавателите му пишуваа дека многу ги израдувал, а многумина се присетија и на Оскарите, на кои Крис доби шлаканица од Вил Смит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chris Rock (@chrisrock)

„Се надевам дека шоуто ќе биде добро како онаа шлаканица на Оскарите“, „Долго време те немаше човеку, драго ми е што си добро“, „Се врати по шлаканицата“, „Те сакаме Крис“, се само некои од коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот