Крис Пол ја завршува професионалната кариера по 21 сезона во НБА лигата
НБА кошаркарскиот клуб Торонто репторс го отпуштија Крис Пол, а потоа тој одлучи официјално преку социјалните мрежи да ја информира јавноста дека става крај на професионалното играње кошарка.
Препорачано
Американскиот кошаркар Крис Пол, двократен освојувач на златен олимписки медал, објави дека ја завршува својата професионална кариера по 21 сезона во НБА. Пол (40), 12 пати учествуваше на Ол-стар викендот, а на крајот од кариерата се очекува да биде примен во Куќата на славните.
Последната скратена сезона ја помина со Лос Анџелес клиперс, кои се и домаќини на овогодинешниот Ол-стар викенд, а на почетокот на февруари беше продаден во Торонто.
Канадскиот тим знаеше дека Пол нема да игра за нивниот тим, па се постави прашањето дали искусниот бек ќе ја продолжи сезоната во друг тим.
„Време е да бидеме тука за другите и на други начини“, напиша Пол на социјалните мрежи. Минатата година, Пол рече дека тешко му паѓа што пропушта настани со своите деца.
Пол беше избран четири пати во идеалната петорка на НБА лигата, а е втор во историјата со 12,552 асистенции и 2,728 украдени топки.
Тој беше првиот играч кој постигна најмалку 20,000 поени со најмалку 10,000 асистенции, по него следеа Леброн Џејмс и Расел Вестбрук.
За време на неговата кариера, тој играше за Њу Орлеанс хорнетс, Клиперс, Хјустон рокетс, Оклахома, Феникс, Голден стејт и Сан Антонио.


