Марин Ле Пен
Марин Ле Пен / EPA-EFE/YOAN VALAT

Крим е руски и не жалам што не можам да влезам во Украина, децидна е Ле Пен

Француската претседателска кандидатка и лидерка на националистичката десница, Марин Ле Пен, изјави дека се уште го смета Крим за руски и не жали поради забраната за влез во Украина.

– Крим е украински 26 години, но порано беше дел од Русија, па луѓето таму решија да се обединат со Русија, изјави претседателската кандидатка во интервју за телевизијата БФМ.

Таа истакна дека сега нема да оди во Киев, дури и да има можност. Ле Пен изрази надеж дека по победата на претседателските избори, украинските власти ќе ја укинат нејзината забрана за влез.

– Но, не жалам што сум прогласена за персона нон грата. Приказната не може да се препише, додаде Ле Пен.

Во неделата се одржа првиот круг од претседателските избори, според кој во трката води претседателот на земјата Емануел Макрон, но гласовите за него – 27,84 отсто, малку се разликуваат од оние на Ле Пен, 23,15 отсто. Вториот круг на гласање ќе се одржи на 24 април.

Ле Пен призна дека ако стане претседател на Франција, ќе ја повлече земјата од Северноатлантската алијанса и ќе се залага за стратешко зближување меѓу НАТО и Русија.

Ле Пен е прогласена за персона нон грата во Украина поради нејзините коментари за референдумот на Крим.

Пропаст на умерените левичари и проблеми за партиите од центарот: Кои се последиците од првиот круг на претседателските избори во Франција?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот