Крилото на Таравари го поддржува протестот за командантите на косовската УЧК обвинети за воени злосторства

Фракцијата на Алијансата за Албанците, предводена од Арбен Таравари, денеска соопшти дека целосно го поддржува најавениот протест за поддршка на поранешните команданти на Ослободителната војска на Косово кои се во притвор во Хаг, каде им се суди за воени злосторства против цивили-Срби и Албанци.

Од крилото на Таравари оценија дека протестот е акт на „одбрана на вредностите на косовската ослободителна борба“.

Тие повикаа на масовно присуство и единство, истакнувајќи дека сите Албанци, без разлика на политичката припадност, треба да се приклучат на собирот што ќе се одржи на плоштадот „Скендербег“.

Во пресрет на протестот најавен за 13 декември во Скопје, политичката сцена се подели со силни реакции.

Организаторите информираа дека ги завршиле сите административни постапки со Град Скопје и дека сега се очекува официјалната дозвола.

Мицкоски се гледа на власт најмалку до 2030 година

Поддршка пристигна и од градоначалникот на Чаир и лидер на Демократско движење, Изет Меџити, кој протестот го оцени како легитимен став во однос на постапките во Хаг. Тој најави дека ќе даде согласност за негово одржување, но не кажа дали лично ќе присуствува.

Од друга страна, пак, премиерот Христијан Мицкоски ја критикува иницијативата, велејќи дека најавата за протест на Али Ахмети е „погрешен чекор“ и дека треба повторно да ја разгледа одлуката.

Ахмети не попушти по пораката од Мицкоски: Стоевме покрај УЧК во Приштина и Тирана, ќе застанеме и во Скопје, горди и одлучни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот