Кремасто пире од карфиол: Има дури 300 калории помалку од обичното

Фото: Flickr

Карфиолот многумина го сакаат, бидејќи не само што е супер здрав, туку само 100 грама од овој зеленчук содржи речиси 100 отсто од препорачаната дневна доза на витамин Ц, а е и многу, многу вкусен.

Карфиолот може да послужи и како одлична замена за многу намирници, вклучувајќи го и компирот. Во иста количина карфиол и компир, првиот зеленчук ќе има околу 50 калории помалку на 100 грама!

За разлика од компирот што во 100 грама има 77 калории, во истата количина карфиол се наоѓаат педесетина калории помалку. Токму затоа претставува совршена намирница за сите оние што се обидуваат да ослабат.

Карфиолот има прилично неутрален вкус, па затоа е важно да се најде добар начин да се подготви. На пример, наместо во обична вода, сварете го во бујон (коцка супа од зачини).

Додека експертите генерално препорачуваат да го јадете печен, можете да пробате и рецепт за пире од карфиол кое совршено оди со секое месо!

Состојки:

– 1 мала главица карфиол, сечкана
– 1-2 литри бујон за супа (можете да користите и крем за готвење, но има поголема калориска вредност)
– 1-2 лажици маслиново масло
– 2-3 чешниња лук
– сол и бибер по желба

Подготовка:

Загрејте го маслото. Додајте го лукот и пропржете, но внимавајте да не изгори и да порумени, бидејќи тогаш нема да има убав вкус.

Додадете го карфиолот (сечкан) и павлаката за готвење или бујонот.

Гответе додека не омекне целосно (колку се помали листовите, толку помалку време ќе се варат).
Оставете да врие уште 20-тина минути.

Блендирајте со блендер или миксер додека не се изедначи и зачинете по вкус.

Совет: Доколку поголемо внимание посветувате на јаглехидратите, а помалку на калориските вредности, можете да додадете млеко, путер или крем-сирење, со што на пирето ќе му дадете уште подобар вкус. К. А.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот