Крејчикова и Пављученкова за титулата на Ролан Гарос

Фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Во второто женско полуфинале на грен слем турнирот во Париз денеска Барбора Крејчикова со резултат 2:1 ја елиминираше Марија Сакари од Грција.

Противничка на чешката тенисерка Крејчикова в сабота во големото финале ќе биде Русинката Анастасија Пављученкова која претходно ја совлада претставничката од Словенија, Тамара Зиданшек.

За 25-годишната чешка тенисерка ова ќе биде прво грен слем финале, а веќе има почувствувано титула од најголемите натпреварувања, но во двојки пред три години.

На денешниот дуел Крејчикова во првиот сет двапати направи „брејк“ и од 1:3 имаше пресврт за 5:3. Сакари возврати, но во 12 гем Крејчикова повторно доаѓа до „брејк“ и го доби првиот сет со 7:5.

Во вториот сет следуваше целосна доминација на Сакари која експресно стигна до 4:0. Крејчикова успеа да се доближи до 4:3, но Сакари не дозволи изненадување и го освои сетот со 6:4 за израмнување. Голема драма се водеше во последниот трет сет кој траеше повеќе од 90 минути, на крајот беше завршен со триумф на Крејчикова со 9:7.

ВИДЕО: Ѓоковиќ во дрес на Никола Јокиќ се подготвува за мечот со Надал!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот