17.8 C
Скопје

ВИДЕО: Ѓоковиќ во дрес на Никола Јокиќ се подготвува за мечот со Надал!

Најдобриот тенисер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ одлучи на тренингот пред полуфиналето на „Ролан Гарос“ со Рафаел Надал да облече дрес на Никола Јокиќ, кој беше прогласен за најкорисен играч во регуларниот дел на НБА лигата сезонава.

Ѓоковиќ ја искористи приликата да му честита на Јокиќ за МВП наградата преку видео објавено на социјалните мрежи.

– МВП! МВП! Ова е за мојот пријател Никола Јокиќ, „џокерот“. Ти честитам за МВП наградата, и тоа како заслужено. Ти испраќам голем поздрав од Париз, од Ролан Гарос! Те носам со себе на тренинг и се надевам дека ќе ти донесам среќа во плеј-офот. Сè најдобро, мој пријателе – беа зборовите на Ноле.

Потсетување дека Јокиќ и Нагетси ги загубија првите два натпревари од полуфиналето во Западната конференција против Феникс санс.

Како што е најавено, в петок со почеток од 17.30 часот Ѓоковиќ ќе игра против големиот ривал Надал, а претходно од 14.50 часот во Париз силите ќе ги одмерат Александер Зверев и Стефанос Циципас.

Готово: Никола Јокиќ е прогласен за МВП во НБА лигата!

Поврзани вести

ВИДЕО: Не издржаа, се истепаа англиските и шкотските фанови

Слободен печат

Храбрата Шкотска и зеде бод на Англија

Слободен печат

Хрватите очајни: Спори сме, не заслуживме повеќе од реми

Слободен печат

Ѓоковиќ го продаде станот во Мајами за шест милиони долари

Слободен печат

ФОТО: Фудбалерите го „сефтосаа“ теренот на „Јохан Кројф“ арената

Слободен печат

Навивачите на Парма не му простуваат на Буфон: Си замина како платеник, сега не може да се вратиш како херој

Слободен печат

Остави Коментар