ВИДЕО: Рафа Надал убедливо до второто коло во Мадрид

фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во второто коло на турнирот во Мадрид, откако по два сета го совлада Американецот Дарвин Бланк со 6:1, 6:0.

Надал, кој моментно е 512 играч во светот до победата над 16-годишниот тенисер од САД стигна по час и шест минути игра.

Надал беше убедлив, а со пет брејка загуби само еден гем од 1028 играч на АТП листата.

Во второто коло Надал ќе игра против 10 носител Австралиец Алекс Де Минор.

На видео записот погледнете ги најинтересните моменти од мечот Надал – Бланк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот