Андреј Рубљов е првиот финалист на турнирот во Мадрид

Андреј Рубљов/фото: EPA-EFE/Juanjo Martin

Рускиот тенисер Андреј Рубљов е финалист на Мастерсот во Мадрид откако го совлада Американецот Тејлор Фриц со 2:0 во сетови 6:4 и 6:3.

Рубљов во финалето ќе игра против подобриот од вториот полуфинален дуел во кој се среќаваат Јиржи Лехечка и Феликс Оже-Алијасим.

Во мечот против Фриц влезе доста мотивиран по победата против третиот тенисер на светот Карлос Алкараз и беше јасно дека игра со голема самодоверба.

Веднаш по загубениот сервис во првиот гем реагираше храбро, го врати брејкот против одличниот сервер Фриц, а потоа во 10 гем направи брејк без загубен поен и така го доби сетот со 6:4.

Повторно, Рубљов лошо сервираше во првиот сервис гем во вториот сет, но кога таму ги спаси брејк топките, јасно беше дека е поблиску до победата и ќе се пласира во финалето.

Ова е петти пат за Рубљов да стигне до финале на еден од мастерсите, односно турнири од серијата 1000.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот