Пављученкова е првата финалистка на Ролан Гарос

epa09259900 Anastasia Pavlyuchenkova of Russia reacts after winning her women's singles semifinal against Tamara Zidansek of Slovenia at the French Open tennis tournament at Roland Garros in Paris, France, 10 June 2021. EPA-EFE/YOAN VALAT

Денеска во првото полуфинале во женска конкуренција на грен слем турнирот во Париз Анастасија Пављученкова со резултат 2:0 ја елиминираше Тамара Зиданшек од Словенија.

Русинката, 31 носителка на турнирот, го освои првиот сет со 7:5, а вториот со 6:3 за нејзино прво грен слем финале во кариерата.

Пављученкова во првиот дел од играта сервираше за сет при водство од 5:4, но до предност стигна по потешкиот пат, во 12 гем. Во вториот сет брзо поведе со 4:1, словенечката натпреварувачка за момент ја врати неизвесноста и се доближи на 5:3, но во следниот гем руската тенисерка дојде до победата.

– Уморна сум, но и многу среќна. Не ми беше лесно, се обидував да тренирам што повеќе, да работам на тактичкиот дел. Сега е важно да останам фокусирана за саботното финале – рече Пављученкова.

Во второто полуфинале на Ролан Гарос силите ќе ги одмерат Барбора Крејчикова (Чешка) и Марија Сакари (Грција).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот