Одбојкарите на Струмица ја одбранија титулата шампиони на Македонија

фото: принтскрин/facebook.com/okstrumica

По 11 пат во својата клупска историја одбојкарскиот клуб Струмица е најдобар во македонскиот шампионат.

Во финалната серија со резултат 3:1 во добиени натпревари струмичкиот клуб успеа да го совлада Штип УГД.

Во четвртиот меч одигран во салата „Јордан Мијалков“ Струмица триумфираше со 3:1 во сетови 25:15, 25:21, 21:25 и 25:17.

Во победничките редови доминираше Хенкс кој реализираше 17 поени, следен од Омхени со 14.

Кај тимот на Штип УГФ најрасположен беше Задмард со 23 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот