Давид Крстевски освои бронза Европското Таеквон-до ИТФ првенство во Копер

фото: facebook.com/eitf.european.championships

Во периодот од 15 до 22 април 2024 на Европското Таеквон-до ИТФ првенство во Копер, Словенија, настапи македонската Традиционална Таеквон-до Федерација.

Свое учество на ова ЕП имаа над 1000 натпреварувачи од вкупно 34 земји, нашата федерација предводена од претседателот Марјанчо Лазаревски, шест натпреварувачи, двајца тренери и две официјални лица.

Давид Крстевски успеа да ја освои бронзата во спаринг борби, јуниори (16-17 год.) во категоријата -63 кг.

Крстевски триумфираше против натпреварувачи од Ангалија и Бугарија за пласман во полуфиналето, а потоа загуби од бугарски претставник иако имаше водство во текот на целата борба, но во финишот по судиските одлуки беше поразен.

Македонија на ова ЕП ја претставуваа и Христијана Парулеска, Елена Јанеска, Владимир Димитриевиќ, Марио Крстески и Софија Колушоска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот