Фото: Слободен печат / Драган Митрески

„Креди Јес“ е фирмата за брзи кредити која државата ја затвора

„Креди Јес“ е финансиското друштво за брзи кредити на кое Министерството за финансии денеска информираше дека поради неправилности во работењето му ја одзело лиценцата за работа, пишува „Фактор“.

„Надзорот утврди грубо прекршување на законските прописи, постапување спротивно на правилата за заштита на корисниците и практики со кои директно биле доведени во ризик граѓаните – корисници на финансиски услуги. Поради тежината на утврдените прекршоци и сериозноста на констатираните неправилности, Министерството за финансии во мај донесе решение за одземање на дозволата за работа на финансиското друштво“, пишува во соопштението од МФ.

Финансиското друштво, зад кое стојат сопственици од Бугарија, ги затвора своите 40-тина филијали низ земјата, а исто така околу 120-тмина вработени добиле известување дека работењето е прекинато. Единствено „Креди Јес“ ќе има право како понатамошна активност да ги наплаќа своите побарувања.

„Креди јес“ започна со работа во Македонија во 2019 година. За минатата година од околу 4 милиони евра приходи, направи добивка од околу 1,15 милиони евра.

 

Голема фирма за брзи кредити останала без лиценца, министерството не открива која

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот