Кралска бламажа среде Мадрид (ВИДЕО)
Екипата на Кадиз направи вистинска сензација со победата над Реал Мадрид и тоа на гости. Кадиз славеше со 0:1 во дуелот со актуелниот шампион на Ла Лига. Одличувачкиот момент се случи на 16. минута кога Антони Лозано ги шокира фудбалерите на Реал Мадрид.
Препорачано
Гостинските фудбалери не се затворија и продолжија да атакуваат кон голот на Тибо Куртоа, а статистиката по првите 45 минути изгледаше неверојатно, Реал Мадрид на домашен терен упати само еден шут во рамките на голот, додека гостите имаат дури пет шута.
Во второто полувреме, играчите на Реал се обидуваа да дојдат до израмнување, но нивните напади не беа толку опасни, освен во 79. минута кога Лука Јовиќ ја затресе мрежата на гостите, но голот беше поништен поради офсајд.
До крајот на средбата Реал беше целосно безопасен и со многу проблеми го очекува наредното коло кога го игра најголемото светско дерби, Ел Класико против Барселона на „Камп Ноу“.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
55сек
-
21мин
-
35мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


