Кралиците зад легендата: Која е Крвава Марија?

Крвава Марија, Фото_ Flickr, Instagram

Дали имате повикувано духови?

Според легендата, ако застанете пред огледало во затемнета просторија со свеќа, се свртите три пати и велите „Крвава Марија, Крвава Марија, Крвава Марија“, ќе предизвикате да се материјализира страшен привид. Дали сте биле доволно храбри да пробате сами? Многу луѓе ја играле играта „Крвава Марија“, или барем слушнале за неа, но ретко кој навистина знае зошто се раскажува приказната за бесниот дух.

Покрај теориите кои се базираат на фолклорното наследство, други теории го ставаат потеклото на приказната во историска перспектива. Крвава Марија можеби била една од следниве жени, сите со крволочна нарав да се вратат од задгробниот живот за да направат хаос меѓу живите:

1516 – 1558: Мери Тудор (Марија I од Англија)

Мери тудор марија
Мери Тудор, Фото: Flickr

Мери Тудор била ќерка на англискиот крал Хенри VIII и неговата прва сопруга, шпанската принцеза Катерина Арагонска. Раниот живот на Мери бил хаотичен, бидејќи постојаното женење на нејзиниот татко било закана на нејзиното право на тронот и опстанок. Потрагата на Хенри за машки наследник довела до негово разделување со Римокатоличката црква, а верата на Марија ја ставила во судир со Протестантската црква на Англија. Тој судир кулминирал кога таа станала кралица во 1553 година, а нејзините напори да го врати римокатолицизмот во Англија ќе ѝ го создадат прекарот „Крвава Марија“. Стотици протестанти биле запалени на клада како еретици, а стотици други биле егзекутирани во пресрет на неуспешниот протестантски бунт предводен од Сер Томас Вајат Помладиот. Страдајќи од низа болести, Марија умрела во 1558 година на 42-годишна возраст, откако владеела само пет години.

1560 – 1614: Елизабет Батори (Кралицата на крвта)

Елизабет Батори, Фото: Инстаграм

Ержебет Батори (Елизабет Батори) од нејзината база во сега уништениот замок Чахтице во Словачка, садистички мачела и брутално убила помеѓу 100 и 650 млади девојки(ако бројките се точни, тоа ќе ја направи најплодниот женски сериски убиец во историјата). Попозната како „Крвавата грофица“, се капела во крвта на своите жртви. Тоа го правела поради верувањето дека нивната крв ќе го зачува нејзиниот младешки изглед. Откако ги исцрпила резервите на локалните територии од млади девојки без педигре, таа почнала да ги кани богатите ќерки на аристократите во Чахтице за да бидат поучени за уметноста на бонтон. Меѓутоа, наместо да добијат дворско образование, тие биле ритуално заклани.

1542 – 1587: Мери Стјуарт (Марија I од Шкотска)

Мери, Кралица на Шкотите, Фото: Викимедија

Како ќерка на кралот Џејмс V од Шкотска и неговата француска кралица, Марија од Гиз, Марија се фалела со легитимно право и на шкотскиот и на англискиот престол. Единствениот проблем бил што кралицата на југ била застрашувачката Елизабета I. Многумина одбивале да ја признаат легитимноста на Елизабета како кралица затоа што бракот на Хенри VIII со нејзината мајка Ана Болејн, не бил валиден. По два ужасни и насилни бракови, во 1568 година, Марија побегнала на југ во Англија, барајќи помош од нејзината роднина, кралицата Елизабета I.

Наместо да ѝ понуди гостопримство, Елизабета ја затворила Марија цели 18 години. На 8 февруари 1586 година, 44-годишната Мери била обезглавена во замокот Фотерингхеј. Марија ја пречекала смртта на достоинствен, весел начин, но нејзиниот џелат целосно ја отежнал работата. Тој не успеал да ја убие со својот прв замав со секирата, па ја закопал длабоко во задниот дел од нејзината глава. Вториот пат ја удрил во вратот, но не успеал да ѝ ја отсече главата. На крајот, тој бил принуден да ги отсече жилите кои ја држеле главата за телото.

Без оглед на тоа каде започнала приказната, овие три жени од историјата често ѝ го позајмуваат идентитетот на Крвава Марија. Несомнено урбаната легенда ќе продолжи да се раскажува, барем додека човечката љубопитност за оностраното живее.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот