Крај на интригите: Се огласија Русите, еве што се крие зад исчезнувањето на Ким Џонг-ун

Рускиот сенатор, Алексеј Пушков рече дека тринеделното непојавување на светскиот лидер на Северна Кореја Ким Џон- ун е успешен маркетинг потег.

-Пјонгјанг извести: Ким Џон- ун се појави во јавноста на 1 мај. Беше јасно дека паузата во медиумите е предолга, па време беше да се излезе во јавноста. И излезе – напиша Пушков на Твитер.

Како што оцени, интригите околу неговата состојба само привлекле внимание на неговата личност во светот.

-Доколку тоа беше намерна измама, тогаш функционираше- заклучи Пушков.


Ким Џонг ун се појави во јавноста за прв пат по 20 дена откако присуствуваше на церемонијата на отворање на фабрика северно од Пјонгјанг, јави државната новинска агенција КЦНА.

Светските медиуми со недели шпекулираа за неговото здравје, тврдејќи дека тој е во животна опасност.

Ким последен пат е виден на 11 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот