Ким Џонг-ун е жив? Државните медиуми објавија слики од Ким по шпекулациите за неговото здравје (ФОТО+ ВИДЕО)

Profimedia

Ким Џонг-ун последен пат беше забележан во јавноста на 11 април.

Севернокорејските медиуми пренесуваат дека лидерот Ким Џонг Ун се појавил на 1 Мај во јавноста, отворајќи фабрика, пренесуваат повеќе светски медиуми.

Според корејската новинска агенција КЦНА, Ким одржал говор на настан одбележувајќи го Денот на трудот, но отворил и фабрика за ѓубрива.

Од отворањето на фабриката е споделена и фотографија на која се гледа како Ким сече црвена лента, а зад него стои неговата сестра Ким Јо-Џонг. Си-ен-ен пишува дека не успеале да ја потврдат автентичноста на фотографијата, а не успеале да потврдат ниту кога е фотографирана.

Ким Џонг-ун последен пат беше забележан во јавноста на 11 април. Тоа предизвика лавина на шпекулации дека тој има нарушено здравје или дека е мртов.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, одби да коментира за најновата вест дека Ким е жив и во добро здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот