Крај на една ера, Јоаким Лев од денеска повеќе не е селектор на Германија

epa09109022 Germany's head coach Joachim Loew prior to the FIFA World Cup 2022 qualifying soccer match between Germany and North Macedonia in Duisburg, Germany, 31 March 2021. EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Јоаким Лев се прости од фудбалската репрезентација на Германија откако цели 15 беше селектор, а притоа е свесен дека никој не очекуваше ваква разделба.
Германија во вторникот беше поразена од Англија со 2:0 во осминафиналето на Евро 2020, што претставува црна дамка во мандатот на Лев, заедно со катастрофалниот настап на СП 2018 година кога не ја помина групната фаза.
– Дефининитвно не е разделба каква што посакувавме. Ова беа интензивни четири недели. Секогаш верував во овој тим, а сега чувствувам дека ги измамивме нашите навивачи и поради тоа ја преземам целата одговорност за елиминацијата – изјави Лев.

Според сега веќе поранешниот селектор, неговиот работи функционирале одлично, но некои не.
– Тоа што можам да го кажам е дека дадовме се од себе за овие четири недели. Ги немавме сите играчи на располагање за време на подготовките , но не е во ред да влегувам во детали. Вистината е дека имавме потешкотии пред ЕП, причина се коронавирусот и повредите поради што не успеавме да го подготвиме тимот на вистински начин – вели Лев кој сепак среќен ја напушта селекторската функција која ја извршуваше во последните 15 години.
– Сигурен сум дека и потребно време да ги набројам сите убаби моменти и разочарувања. Мундијалот во Германија во 2006 година, во Јужна Африка, во Бразил, во Русија. Има многу наптревари.

Тој исто така откри кое му е најголемото разочарување за 15 години на клупата на Германија. Тоа е разделбата со Месут Озил по Мундијалот во 2018 година.
– Тоа беше огромно разочарување на лично ново, но ќе дојде време кога ќе седнеме и ќе разговараме. Месут е многу важен играч за нас – вели Лев.

Лев исто така додаде дека поразот од Италија на ЕП 2012 година беше клучен за освојување на тиутлата на СП во Бразил, а истакна дека го болат поразите од Франција во полуфиналето на ЕП 2016 и последниот пораз од Англија оваа недела.
Лев порача дека е во редовен контакт со новиот селектор на Германија, Ханси Флик, но и дека не размислува веднаш да се врати во клупскиот фудбал, туку планира добро да се одмори. .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот