Фото: илустрација / Слободен печат / Драган Митрески

Крадливка од далечната Индонезија е уапсена во Скопје

52-годишна Индонежанка е уапсена вчеравечер во Скопје, откако била пријавена дека два дена претходно, во кафе-бар во центарот на Скопје, украла телефон од вработена во локалот, соопшти МВР.

„На 23.02.2026 во 08:15 часот, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Х.В.(52) од Индонезија. Таа е осомничена дека на 21.02.2026 околу 19:15 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје, од вработена во објектот одзела мобилен телефон. По целосното документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.

Жена од Челопек сведочи за напад во домот: „Ми фрли ќебе преку глава и ме фати за гуша“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот