Ковид-заразени 17 вработени и 76 ученици во 21 училиште во Куманово од почетокот на учебната година

Настава во време на пандемија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Еден вработен и десет заразени ученици од ковид-19 од кумановските училишта биле пријавени во текот на вчерашниот ден во секторот за образование од општина Куманово, соопштија денеска надлежните. Заразените ученици се од повеќе основни и средни училишта.

– Од почетокот на учебната година, заклучно со понеделник, 20 септември 2021 година, од страна на основните и средните општински училишта до Секторот за образование се пријавени вкупно 17 вработени во училишта инфицирани со вирусот ковид-19 вирусот и вкупно 76 ученици од повеќе училишта, соопштија од секторот.

Според податоците на секторот, во општина Куманово има 14 807 ученици, а вработени се вкупно 1720 лица во 21 училиште, од кои пет се средни и 16 основни училишта.

Извор: МИА

ВИДЕО: Најмладиот пациент со ковид е едномесечно бебе, најмногу заболуваат децата до две години и од 9-16 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот