Кoвачевски: СДСМ не прифаќа никакви условувања и со никого нема да прави политички дилови

Димитар Ковачевски на митингот во ЦентарФото: ''Слободен печат''/ Драган Митрески

„СДСМ не прифаќа никакви условувања и со никого нема да прави политички дилови, особено не со некого кој веќе се продал на нашиот политички противник и мора да пишува писма за да го оправда своето шурување и своето коалицирање со нашиот политички противник. Овде се работи за прашање на иднината на државата и со неа нема тргување. Фокусирани сме да постигнеме најдобриот резултат на престојните избори на 8-ми мај и повикуваме на мобилизација на сите демократски и прогресивни сили за да се спречи враќањето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, порача претседателот на СДСМ“, Димитар Ковачевски од митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Аеродром.

Ковачевски нагласи дека ова е прашање на иднината на државата и со неа нема тргување.

„СДСМ е најголемата и единствената автентична социјал-демократска партија во Македонија. За разлика од субјектите како ЗНАМ, кои се човек – партија, СДСМ е државничка партија со длабоки и силни корени. Нас не водат социјал-демократските вредности, борбата за граѓаните и европската иднина на Македонија. Не се откажуваме од тоа, СДСМ е цврста и силна партија. Ќе продолжиме да се бориме за овие вредности“, рече Ковачевски.

Ковачевски нагласи дека СДСМ е модерна, прогресивна партија и единствена политичка сила која може да ја однесе Македонија во Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот