Ковачевски му возврати на Радев: За влез во ЕУ не преговараме со Бугарија, туку со Брисел

Премиерот Димитар Ковачевски денеска порача дека „вето нема да има, бидејќи преговорите веќе ги почнавме“, одговарајќи на новинарско прашање за коментар по изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека сме во состојба на вето за Македонија и дека ќе побара мониторинг за правата на Бугарите во земјава.

Ковачевски потсети дека Македонија веќе го почна скринингот со ЕУ и дека сме во поодмината фаза, а досега сѐ се одвива непречено.

– Еден од тие патокази е правата на малцинствата, односно на етничките заедници кои не се дел од најголемата заедница во земјата. Очекувам дека ќе го исполниме на највисоко врвно ниво, бидејќи во споредба со која било земја во Европа правата на етничките заедници кај нас се на највисоко ниво. Имаме институции и закони и тоа се однесува на сите заедници, рече Ковачевски.

Според него, барањето на кој било политичар во тој дел за нас не е никаков проблем бидејќи правата кои ги имаат сите поединци и групи во оваа држава се на многу повисоко ниво,

– Бугарија не би ја коментирал, тие се во избори и секој дава изјави за да собере некој глас. Кога ќе завршат изборите ќе разговориме се владата што ќе ја изберат. Но, со Бугарија не преговараме за влез во ЕУ, преговараме со Брисел, додаде Ковачевски.

 

Радев од Брисел: Ние сме во состојба на вето за РС Македонија, ќе барам европски мониторинг за правата на Бугарите

Советот на Европа потврди дека во Македонија нема дискриминација на Бугарите

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот