Костески блескаше против Фридек Мистек за полуфинале во шампионатот на Чешка

Никола Костески/фото: H. Sladký/Talent Plzen

Македонскиот репрезентативец Никола Костески беше меѓу најефикасните во четвртфиналниот дуел од плеј-офот на чешкото ракометно првенство против Фридек Мистек.

Нашето десно крило кој ги брани боите на Талент Плзен се истакна како втор стрелец со седум голови во убедливата победа од 41:27.

Поефикасен од Костески беше само неговиот соиграч Доуда кој девет пати се запиша во листата на стрелците.

Екипата на Брно на Дејан Кукуловски не успеа да се пласира во следната фаза откако беше елиминирана од Карвина со 32:27.

На овој натпревар левиот бек Кукуловски успеа да реализира два погодоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот